Остра порака на грчкиот претседател кон Анкара
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос упати остра порака кон Турција во врска со изјавата дадена вчера од нејзиниот шеф на дипломатија Мевљут Чавушоглу, во која тој ги оспорува морските граници меѓу двете земји во Егејско Море, пишува „Катимерини“.
Во Егејското Море нема „сиви зони“... Територијата и суверенитетот на Грција се граници, територија и суверенитет на Европската унија.
- Taa вистина ја знаат одлично како нашите пријатели, така и непријателите, изјави шефот на грчката држава.
Тој појасни дека Грција се однесува кон меѓународниот политички живот со апсолутно почитување и се придржува цврсто кон европското и меѓународното право.
- Земјата работи за мирот и развојот како и во реонот на Балканот и Југоисточна Европа, така и во пошироки рамки на ЕУ, рече тој.
Павлопулос истакна дека Грција цврсто ја поддржува европската перспектива на Турција, но појасни дека таа нејзина ориентација вклучува еден услов, апсолутно почитување на европските норми и на договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година.
Ново на Сител
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи