Општина Центар со пари од граѓаните ќе финансира НВО блиски до опозицијата
Со пари на граѓаните општина Центар и СДСМ купуваат поддршка од невладините организации поврзани со СОРОС. Според одлуката на општина Центар која ја објави порталот Денешен невладините организации на СДСМ ќе инкасираат близу 1,3 милиони денари.
Најмногу пари или 800.000 денари ќе легнат на сметката на извесна невладина организација Огледало. Порталот денешен пишува дека оваа организација воопшто не постои во листата на здруженија на граѓаните запишани во Регистарот на организации кои се занимаваат со социјална заштита.
Во 2015 година земал половина милион денари а на крајот на годината пријавиле вишок на приходи од 499.916 денари, што значи дека ништо на потрошиле, а општина Центар и годинава и дава речи си двојно поголема сума.
400.000 денари пари на граѓаните ќе легнат и на сметката на извесна организација Еквилибрио. Тие ќе развивале екс свест и граѓанска еднаквост но како што пишува Денешн, тие едноставно не постојат на Интернет. На социјалните мрежи последната активност им е во октомври 2012 година а тогаш за последен пат е апдејтуван и нивниот веб сајт. За оваа невладина не може да се најде информација дали некогаш нешто имаат спроведено, но сепак, општина Центар ќе им плати 400.000 денари.
Со пари на граѓаните ќе се плати и невладината Профицио. За разлика од претходните организации, оваа има свои активности но единствено насочени во поддршка на дневната политика на СДСМ. Мало разгледување на нивните профили на социјалните мрежи покажува дека станува збор за привезок на СДСМ.
Можат да се најдат и фотографии со претседателот на оваа невладина, извесна Билјана Младеновска во друштво на Катерина Цаневска Арсовска која е вработена во општина Центар, а за парите, претседателката најверојатно морала да кампува и пред владата.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
