Македонија
20. July 2017 - 16:32

Општина Центар не го решава проблемот со сообраќајниот хаос на Ристо Шишков

По една година откако Општина Центар го добила одобрението од МВР и градските власти за измена во режимот на сообраќај на улицата Ристо Шишков, локалните власти не го реализираат планот.. Ниту советниците на СДСМ во градското собрание не знаат зошто Центар не ја спроведува одлуката за еднонасочен сообраќај..

-Не можам да ви кажам конкретно тоа барање до која фаза е дојдено. Ова ваше прашање ќе го искористиме и Ние да се информираме односно проблемот да добие разрешница, изјави Драги Давчевски, Координатор на совет. група на СДСМ..

Улицата Ристо Шишков важи за тесно грло во сообраќајот околу градскиот стадион.. Освен двосмерен режим, на коловозот функционира и паркинг под надлежност на општина Центар со што е преполовен просторот за разминување.. Вчера во телефонски разговор за ТВ Сител, Директорот Саша Богдановиќ изјави дека се бара измена во сообраќајниот режим, но денеска локалните власти потврдија дека уште лани е завршена целата постапка..

Измена на сообраќајниот режим на улицата „Ристо Шишков“ е одобрен во 2016 година, но одлуката стана правосилна во 2017 година. Решението не можело  да се предвиди во  програмата за работа на секторот во 2017 . Тоа ќе биде внесено во програмата за новата календарска година која ќе ја донесе Советот, велат од Центар..

Тие додаваат дека хоризонталната сигнализација за паркинг местата е поставена ама недостасуваат сообраќајните знаци кои треба да покажуваат дека по улицата ќе се вози еднонасочно..

Измената на сообраќајниот режим на улицата Ристо Шишков предвидува едносмерно движење од градскиот парк до крстосницата со Аминта Трети.. Двосмерното одвивање на сообраќајот ќе продолжи да важи на делот од улицата кон владата.