Македонија
11. October 2016 - 17:19

Опозициски марш за 11 Октомври во Скопје

Граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ заврши пред Собранието на Република Македонија, каде ќе продолжи со говори на претставници на СДСМ и лидерот на опозициската партија Зоран Заев, на невладини организации и јавни личности. 

Маршот почна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до центарот на Скопје, односно пред Собранието.

Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот и затоа е избран денешниот празник - симболично како предвесник на промените за подобра иднина