Македонија
20. November 2017 - 12:52

Опожарен кафе барот „Ориентал АС“ во Жеровјане

Три милиони денари изнесува штетата во кафе – барот „Ориентал АС“ во тетовско Жеровјане откако вчера околу 6 часот од засега неутврдени причини избувнал пожар во објектот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Сопственик на „Ориентал АС“ е  А.А.(47) од Боговиње и во моментот на пожарот локалот бил затворен и во него немало никој.

Опожарен е западниот дел од објектот-ноќниот клуб и значително  е оштетен целиот инвентар во неговата внатрешност -  маси, мебел, телевизори, музички системи и друго  додека другите простории биле видливо зачадени. Пожарот бил пријавен од вработен во кафе – барот по што уследила брза интервенција на тетовските пожарникари кои го локализирале огнот. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, околностите и се друго  додека вкупната материјална штета се проценува на околу три милиони денари, рече Јосифовски.