Македонија
28. April 2016 - 17:26

Oливер Aндонов: Смртта на Коста Крпач оди на сметка на СЈО

Заклучената врата и оружјето пронајдено покрај телото ги докажуваат индициите дека Коста Крпач извршил самоубиство. Случајот е превземен од страна на јавното обвинителство кое ќе ги истражува околностите кои го навеле Крпач да посегне по својот живот. Дека истрагата е во тек, утрово потвди и техничкиот министер Оливер Спасовски.

За лошата психичка состојба во која се наоѓал Крпач непосредно пред смртта потврдила и неговата сопруга и блиски луѓе до семејството. Според нивните сведочења, Крпач трпел постојани притисоци и закани од страна на тимот на Катица Јанева и често бил повикуван на разговор во Специјалното јавно обвинителство. Преку контрадикторно соопштение СЈО потврди дека Крпач доброволно се пријавил да соработува со нив, а во неговиот стан биле вршени претреси но не во својство на осомничен, туку во својство на сведок. сепак од Специјалното обвинителство не дадоа конкретен одговор на новинарско прашање, колку пати и на каков начин Крпач бил повикан?

 Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси, но со оглед дека предистражната постапка е тајна, можеме само да ве известиме дека тие претреси се вршени согласно законските одредби и истите се соодветно документирани, така што нема сомнение дека се работи за законити дејствија. Ние бевме запознаени со психичката состојба на сведокот Коста Крпач, а воедно бевме запознаени и со притисоците со кои истиот се соочуваше, но имајќи предвид дека се работи за доверливи и сензитивни информации, во овој момент истите нема да бидат соопштени, се вели во одговорот.

Ваквите наводи кај експертската јавност ја отворија дилемата зошто Специјалното обвинителство имало потреба да изврши претрес кај лице кое доброволно соработувало и дали Коста Крпач е првата жртва на незаконското работење на тимот на Јанева. Според професорот Оливер Андонов, овој случај е уште еден доказ за насилните методи кои Специјалното обвинителство ги користи во недостаток на цврсти докази за свиоте случаи, а  со цел да принудат лажна изјава на сведоци. Смртта на Корпач ќе остави сериозна црна дамка врз работењето на Јанева.

Според Андонов,  случајот на Крпач не е единствен. На директно заплашување се изложени сите сведоци кои Специјалното обвинителство ги кани на разговор.

Безживотното тело на 40-годишниот Коста Крпач беше пројадено вчера во неговиот дом во скопски Капиштец. Тој зад себе остави сопруга и едно дете.