Оланд: Процесот на проширување на ЕУ продолжува

Процесот на проширувње на Европската унија продолжува и по британската одлука за Брегзит, изјави вечерва во Париз францускиот претседател Франсоа Оланд по завршувањето на Самитот за западен Балкан.
- Одлуката на Велика Британија на никаков начин нема да влијае врз ангажманот на ЕУ кон балканските земји, во согласност со условите кои се поставени пред нив. Ова беше потребно да се нагласи, бидејќи ние дадовме збор, порача Оланд на прес-конференцијата по завршувањето на средбата.
Оланд истакна дека ЕУ претставува „мировен проект“, а земјите од Балканот кои имаа искуство со граѓански војни, со национализам и екстремизам, знаат да го ценат мирот.
- Но, за да продолжи европскиот процес неопходно е да се спроведат реформи, кои ќе доведат до зацврстување на владеењето на правото, ќе ја засилат борбата против организараниот криминал и ќе ја зајакнат соработката меѓу земјите од регионот, порача францускиот претседател.
Оланд истакна дека е неопходно да се решат и прашањата кои водат до длабоки поделби меѓу балканските земји, бидејќи тоа е единствениот пат за оставрување напредок.
Оланд додаде дека на средбата било разговарано и за конкретни проекти од сферата на енергетиката и транспортот, кои, како што рече, треба да доведат до засилување на економските односи во регионот, а во чија реализација ќе бидат инвестирани 450 милиони евра.
На Самитот, според Оланд, станало збор и за миграцијата, имајќи предвид дека низ земјите од Западен Балкан минуваше балканската мигрантска рута.
- Земјите од Балканот сторија се да ги прифатат бегалците, за што сме и посебно благодарни, потенцира Оланд.
На самитот се говорело и за проблемите со радикализацијата и регрутирањето на борци од земјите во регионот во редовите на џихадистите.
- Европа е создадена во 60-те години (на миантиот век) во борбата за мир и тоа што денес сакаме да го сотирме на Балканот е да донесеме мир. Европската историја покажува дека секогаш кога постои ризик за конфликт, Европа се мобилизира. Мирот е во Европа и низ Европа, истакна Оланд.
Ново на Сител
-

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
-

Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
-

Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
-

Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
