Свет
7. October 2015 - 18:24

Оланд не сугерираше сојуз меѓу силите на Асад и опозицијата

Францускиот претседател Франсоа Оланд не сугерираше да се формира сојуз меѓу силите на сирискиот претседател Башар ал Асад и силите на умерената опозиција Слободна сириска армија, изјави денеска помошникот на Оланд, што е контродикторно на коментарите на рускиот претседател Владимир Путин.

- Претседателот (Оланд) зборуваше за потребата во иднина сириската опозиција да биде присутна на преговарачката маса. Другото не е француска идека, изјави член од делегацијата на Оланд во Стразбур.

Путин претходно изјави дека Оланд сугерирал за заедничко делување на силите на Асад и на опозицијата.