Околу 500 МРП вакцини со погрешна декларација на македонски се најдени во вакциналните пунктови
Според информации на весникот „Независен“ новите вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Имено директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.
Проверка се има направено и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, но велат дека ќе ги обелоденат денеска.
„Инспекторите во средата влегоа во компанијата „Македонија лек“, каде што и во текот на вчерашниот ден ја проверуваа документацијата. Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Ќе излеземе со точен број на вакцини што се најдени деновиве со декларации со истечен рок. Кај вакцините нема никаков проблем со рокот, сите се со важечки рок и се работи за сериозна фирма производител. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме. Во правилникот за дистрибутивна пракса разгледуваме да внесеме новини, да го прошириме за во иднина да се внимава како се дистрибуира лекот од увозникот и како се прима во здравствените домови. Да се следи дистрибутивниот синџир и точно да се дефинираат казните како за последната направена техничка грешка“, објаснил Ибраими за порталот „Независен“.
Ново на Сител
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
-
Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието