Околу 150 лица евакуирани од болница во источно Алепо
Околу 150 цивили од кои повеќето ранети или лица на кои им е потребна медицинска помош синоќа биле евакуирани од болница во стариот град на Алепо, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
- Тие пациенти и цивили беа блокирани во регионот со денови поради тешките судири во околината, а фронтната линија се повеќе се приближуваше до нив, изјави директорката на МКЦК за Сирија, Мариан Гасер, која се наоѓа во градот.
Од евакуираните од болницата „Дар Ал Сафа“ во стариот град, која сириските владини сили ја зазедоа во вторникот, 118 пациенти биле распределени во три болници во западно Алепо, а 30 биле одведени во амбуланти исто така во западниот дел на градот.
Евакуацијата била извршена во соработка со сириската арапска Црвена полумесечина.
Ново на Сител
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"
-
Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк
-
Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа