Охридско Езеро се излеа, охриѓани стравуваат од поплави
Охридското Езеро ја достигна критичната точка од 694 метри или 25 сантиметри над максимално дозволената кота . Зголеменото ниво на водостојот може да предизвика и нови поплавувања на крајбрежјето. Експертите предупредуваат дека причините за ваквата состојба потекнуваат од 1961 година со внесување на Сатеска во Охридското езеро и неизградбата на соодветен регулиран систем за истек на Црниот Дрим од Струга кои доведуваат до ваква критична состојба.
Во некои делови од брегот веќе има излевања на езерото а малото пристаниште сеуште е под вода . Експертите предупредуваат за нови опасности кои ќе предизвикаат поплавувања и оштетувања на некои објекти а постојаните осцилации пак ќе доведат до негативни ефекти врз животинскиот и растителниот свет како резултат на наглото затоплување и топењето на снегот .
Инаку најголемо ниво на Охридското езеро е регистрирано во 1924 година кога водостојот достигнал 694,47 метри надморска височина.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар