Македонија
14. April 2017 - 16:37

Охрид за велигденските празници традиционално преполн со домашни и странски гости

За продолжениот празничен викенд главниот туристички центар преполн со гости. Од рано изутрина колони на автомобили се движат кон Балканскиот Ерусалим за големиот верски празник Велигден. Најбројни на охридската ривиера се домашните и гостите од регионот но не изостануваат ни оние од подалечните земји.

Со оглед на зголемената сообраќајна фреквенција од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот отпочнаа превентивна камапања Вози одговорно живото е во твои раце.

Во Охрид се чуствува празнична атмосфера. Градот е украсен во велигденски стил а топлото време дополнително придонесе гостите да  уживаат во прошетките покрај Охридско Езеро.

За туристичките работници обично велигденските празници ќе бидат првиот  тест и најава за успешна летна туристичка сезона.