Македонија
27. јуни 2016 - 16:47

Охрид со Бело лето ќе го најави почетокот на летната сезона

Охрид со Бело лето на симболичен начин ќе го најави стартот на летната сезона.

Градот по теркот на светските центри практично ќе работи 24 часа, посетителите во петок ќе може да уживаат во концертот на Владимир Четкар Секстет, дефиле на перкусионистичката група Каранос од Воден,диџеи и жонглерска група со најнова лед пои технологија .

Четкар вели дека задоволство е да се настапува во својот роден град после турнејата во САД.

По завршувањето на манифестацијата угостителските објекти долж охридската ривиера ќе имаат неограничено работно време.