Македонија
15. April 2017 - 16:23

Охрид преполн за Велигден

Илјадници гости од земјава регионот но и од подалечните земји ширум светот го преплавија Балканскиот Ерусалим.Хотелските капацитети се речиси  исполнети а иста е сликата и кај приватните станоиздавачи .Туристите сончевото време го искористија за прошетки покрај чаршијата и кејот на охридското езеро а место повеќе се бара во кафулињата и рестораните.

Велигденските и првомајските празници вообичаено се најава за главната туристичка сезона. Хотелиерите се надеваат дека оваа година ќе биде подобра од претходната .

Угостителите и оваа година на туристите им нудат богато мени ,традиционална храна и одлична атмосфера.

Градот деновиве живее во духот на големиот христијански празник Велигден во исчекување свештените лица да ја соопштат радосната вест за Воскресението Христово.