Балкан
19. July 2016 - 18:04

Одземени лиценците на медиумите поврзани со Ѓулен

Турскиот Врховен совет за радио и телевизија (РТУК) денеска им ги одзеде дозволите за работа на сите радио и телевизиски станици за кои, наводно, е утврдено дека се поврзани со верското движење Хизмет.

РТУК одлуката ја донесе на вонредна седница по неуспешниот обид за воен удар, што се случи на 15 јули.

Турските власти ги обвинуват следбеници на муслиманскиот верски водач Фетхулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, за организирање на пучот. Тој негира дека е вмешан во обидот за воен удар.