Ракомет
24. December 2015 - 15:01

Одржана седница на Управниот одбор на РФМ

Управниот одбор на РФМ на денешната седница во најголемиот дел се осврна на актуелниот момент во женскиот ракомет по извештајот на селекторот Симе Симовски, по двата одиграни натпревара од квалификациите за ЕП 2016 кои Македонија ги загуби од Црна Гора и Хрватска.

- Направивме подмладување на селекцијата, но треба да се направи добар систем за нивна надграба во работата на физички и психички план. Треба да бараме професионален однос од сите (ние во Вардар тоа го применуваме - Симовски е тренер на Вардар Јуниор). Потребна е многу работа, дека ние немаме голем избор на репрезентативки и активирање на центрите (како Богданци, Гевгелија, Струга, Прилеп,Битола,...), истакна Симовски во обраќањето до членовите на УО.
Поранешниот капитен на женската ракометна репрезентација Гордана Нацева истакна дека проблемот сега е во тоа што во лигашкиот дел има само едно ниво на натпреварување. Директорот на машката репрезентација д-р Никола Панчевски напомена дека проблемот во женскиот спорт  во глобала е општествен проблем. 
Претседателот на РФМ Живко Мукаетов, истакна:
- Потребно е да има поширок круг на деца кои тренираат женски ракомет во младите категории, мора да се подобри базата во младинските категории, база и квантитет од кои потоа ќе се создава и ќе се бира квалитет.
Мукаетов уште напомена дека Федерацијата ќе помогне онаму каде е потребна помош. Притоа селекторот и стручниот штаб добија поддршка и дека е потребна работа на подолг рок (минимум четири години).
За активностите кои ја очекуваат машката репрезентација УО се запозна со програмата за подготовки (кои се почнати) за ЕП во Полска.
Управниот одбор формираше и комисија во состав Славе Секулов (арбитражна комисија), Димитар Ристовски (дисциплинска) и Дарко Алексов (УО). Комисијата треба да ги утврди долговите на РК Металург, кон поранешните играчи Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Ванчо ДимовскиТројцата ракометари имаат потпишано спогодбен раскин на договорот, но со цел да се утврди колку пари им следат по прекинот на соработката побарале од ракометната куќа создавање на комисија што би помогнала во расветлување на овој случај.
Потребата за формирање на оваа комисија генералниот секретар Филип Милошевски, ја објаси дека во РФМ нема постоечка комисија за ваков вид проблем и дека таа ќе работи само по овој случај, а по консултациите со двете страни да донесе документ, кој би послужил за разрешување на проблемот.