-->
-->
Одлична организација на шаховскиот клубски куп
-->
Заврши европскиот шаховски клубски куп кој во изминатата недела се играше во х. Александар во Скопје. Првото место кај мажите го освои руската екипа Сибир а сребрен медал кај дамите освои нашиот единствен претставник Асеко Гамбит.
Извонредно организираниот шаховски настан донесе многу возбудувања а заслужено без пораз по 7 одиграни кола славеа шахистите на Сибир предводени од извонредниот Владимир Крамник. Македонскиот првак Алкалоид го освои 6 место и му недостасуваше само поен за да освои медал. Во женска конкуренција златен медал за грузискиот тим Нона а сребрен за македонскиот тим Асеко Гамбит кој постигна голем успех со освојувањето на второто место и сребрениот медал.
Од останатите наши екипи во машка конкуренција, Асеко Гамбит го освои 26. место Шаховскиот клуб Центар кој во последното коло го совлада градскиот ривал Карпош и го освои 34. место додека Карпош се пласира на 47. место .
Интересно е што најдобар резултат од нашите шахисти постигна велемајсторот Александар Чоловиќ кој настапи за англискиот претставник Чедлетон и играјќи на 4. табла освои дури 5,5 поени во сите 7 кола и тоа без пораз со 4 победи и три нерешени меча.
Беше одржано и свечено прогласување на најдобрите со што уште еднаш се потврди дека општината Карпош на чело со градоначалникот Стевчо Јакимовски, Шаховската федерација на Македонија потпомогнати од АМС, се одлични организатори на вакви големи шаховски настани каков што беше Шаховски клубски куп на кој настапија повеќе од 500 шахисти од целиот свет меѓу кои и бројни светски прваци, легендарни имиња во шахот но и нови ѕвезди на играта на 64 полиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска