Свет
6. March 2024 - 8:25

Одеса повторно нападната со дронови, објавен аларм за тревога

Во Одеса синоќа во 22:33 часот беше објавен аларм за тревога. Локалните власти ги повикаа жителите на црноморскиот украински град и област да се засолнат во засолништа.

Според информациите од локалните канали на апликацијата „Телеграм“, дронови летале од водите на Црното Море во правец на Одеса.