Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право
Во библиотеката „Ал-Би“ во Бабино, Демирхисарско денеска прв пат во едно село во светот ќе биде одбележан 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право.
Како што најавуваат организаторите, учениците од основните училишта „Гоце Делчев“ од Демир Хисар и „Браќа Миладиновци“ од село Жван симболично, преку 23 златни мисли и изреки за книгата ќе упатат порака за универзалната грижа кон книгата и продолжување на нејзината мисија како инструмент на знаењето и нејзината непобедливост пред електронската ера како медиум што ја собира меморијата на човештвото.
Одбележувањето е финансиски потпомогнато од Министерството за култура и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а се очекува специјална порака да испрати и Ирина Бокова од УНЕСКО.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“