Бизнис
20. November 2018 - 19:45

Од вкупно 38 задруги функционираат само половина, Министерството за земјоделство ќе работи на решавање на проблемот

Во Македонија има само 38 земјоделски задруги. Дел од нив постојат само на хартија, немаат капитал и се нефункционални. Кај постојните кооперации не се почитуваат основните принципи на здружување.

Од Министерството за земјоделство уверуваат дека се работи на подобрување на оваа слика. Министерот Николовски вели дека во тек е проект за поддршка на задругите. Вреден два милиони евра и парите се обезбедени од ЕУ.

За споредба, во моментов во Хрватска има околу 20.000 задруги. Сепак, ниту Хрватите не се задоволни од земјоделското здружување.

Нужно е да се разбере дека задругарството е бизнис, а задругите го развиваат стопанството во кое делуваме. Тогаш кооперациите стануваат демографија, односно го чуваат животот и просторот.

Во светот во задруги вклучени се една милијарда луѓе. Секој седми жител на ЕУ е член на некоја кооперација.