Балкан
9. September 2016 - 8:29

Обвинителството за воени злосторства во Србија наскоро добива шеф, тврди „Политика“

Обвинителството за воени злосторства во Србија (ОВЗ) набрзо треба да добие шеф, објави Политика и имињата на кандидатите може да бидат објавени по следната седница на Державниот совет на обвинители закажана за 19 септември.

Според весникот, изборот на кандидати е завршен и имињата треба да се достават до владата на одлучување.

Медиумот пренесува изјава на неименуван владин претставник дека изборот на обвинител за воени злосторства е приоритет и листата со кандидати до крајот на месецот мора да биде проследена до владата.

На дневен ред на таа седница како што дознава Политика, е и прашањето за избор на 33 шефови на обвинителства во Србија меѓу кои и ОВЗ.

Во крајот на декември лани спроведена беше постапка за избор на обвинител за воени злосторства, но не беше избран. Дејан Териќ тогаш доби најмногу гласови од пратениците – 109, но не беше довоилно да биде избран на таа функција бидејќи за него не гласаа половина од вкупниот број пратеници – 250, јави Тајнуг.