Македонија
28. April 2017 - 19:09

ОБСЕ: Заплашувањето и физичко насилство немаат место во демократскиот систем во Македонија

Во Македонија мора веднаш да биде вратен дијалогот, соопшти денеска Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

- Заплашувањето и физичко насилство немаат место во демократскиот систем, нагласи Мајкл Георг Линк кој е шеф на регионална канцеларија за демократија и човекови права, јави ДПА.

 – Упатувам повик за итно почнување политички дијалог во Парламентот за да се обезбедат ненасилни решенија што веднаш би биле применети, нагласи Линк.