Македонија
11. July 2016 - 16:50

Обнова на скопските средни училишта пред 1ви септември

22 милиони денари за реконструкција на 16 средни училишта во Скопје. Градските власти го спроведуваат проектот за обновување на училишните згради пред почетокот на школската година. Се обновуваат фасадите на неколку училишта меѓу кои и средното Георги Димитров.

Според директорот инвестициите кои во неколку наврати минатиот период се спроведоа во училиштето значително ги подобрија условите за професорите и учениците.

Со зафатите во средните училиште се реконструираат и спортските сали, санитарни јазли, прозорци, подови и дворни површини.