Облачно време со слаби врнежи од снег
Под влијание на студена и не многу влажна воздушна маса, денес времето ќе биде облачно со локални врнежи главно со слаб интензитет.
Врнежите ќе бидат претежно од снег, освен во пониските подрачја на југот. До утре вечер повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка.
Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава.
Во Скопската котлина не се очекуваат многу врнежи, но ќе бидат претежно од снег, особено во текот на утрешниот ден.
Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западни делови.
Во останатите региони преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.
Температурата ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Скопската котлина облачно со слаби локални врнежи, во повисоките делови од снег, а во пониските од дожд и снег. Температурата ќе достигне 4 степени.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори