Објавени добитниците на наградата „Ана Франк“
Годинашни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“ се Мито Спасовски од Македонија, Душан Поп Ѓурѓев и Милутин Ѓуричковиќ од Србија, Асја Кравченко од Русија и Драгица Шредер од Германија.
Наградата се доделува за врвни остварувања на планот на литературата за деца и млади, а ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.
Наградата Ана Франк е традиционална и досега ја имаат добиено: Криста Јохансен (Канада), Стана Смиљковиќ, Тиодор Росиќ, Перо Зубац, Дејан Алексиќ, Миограг Јакшиќ, Даниела Божичковиќ Радуловиќ, Сунчица Дениќ Михаиловиќ, Недељко Терзиќ (Србија), Милица Бакрач (Црна Гора), Виолета Димова, Весна Мојсова Чепишевска, Марија Тодорова, Владимир Костов (Македонија), Катја Ерменкова (Бугарија), Божидар Просењак (Хрватска), Мирослав Демак (Словачка), Јуриј Нечипоренко (Украина) и Жарко Милениќ (Босна и Херцеговина).
Наградата годинава се доделува по осми пат.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети