-->
-->
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, оштетена и главната улица
-->
Поплавени се десетина подруми од куќи на подрачјето на Кавадарци од синоќешните обилни и силни врнежи дожд, а средишниот дел од главната улица „7 Септември“ на која се уште се работело, е оштетена, соопшти ЦУК. Според РЦУК Велес, ангажирани се три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени.
Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак. На терен се интервенирало со три возила од општина Кавадарци кои биле во контрола на состојбата на улиците. За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пумпи, како и екипа од „Комуналец“ исто така со две пумпи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
-
Собранието ја почна втората седница
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце