Обдукција: Новороденчето фрлено на Табановце било родено живо
Бебето кое апсолвентка го остави во тоалетот на Табановце пред четири месеци било родено живо, потврди обдукцијата. Според резултатите од вештачењето на фетусот, смртта настапила по неколку минути од породувањето.
-Резултатите од вештачењето на фетусот што беше пронајден кон крајот на март годинава во тоалет на граничниот премин Табановце покажуваат дека новороденчето било живо неколку минути. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Куманово продолжува со истражната постапка и нареди дополнителни вештачења, стои во писмениот одговор од кумановското обвинителство
Грозоморниот случај кој ја потресе јавноста се случи на 29 март годинава, кога 23 годишната студентка која патувала на апсолветска екскурзија, добила силни болки во стомакот за време на пасошката контрола.
Отишла во тоалетот каде се породила,ја пресекла папочната врвца и бебето го фрлила во кантата за отпадоци покривајки го со хартија. Таа заминала со колегите а бебето веќе мртво го пронашла хигиеничарката наредниот ден. Со помош на безбедносните камери, девојката веднаш била лоцирана а полицијата ги известила и организаторите. Ја однеле на лекар во Прага каде добила медицинска помош а по враќањето во Македонија била приведена.
Студентката ќе одговара за убиство на дете при породување. Дополнителните вештачења што ги бара кумановското обвинителство, треба да покажат дали бебето ќе преживеало, дали бременоста била следена од лекари и во каква состојба била апсолвентката.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
