Македонија
17. March 2017 - 18:25

Новинарите со порака: Притворот за Кочан е одмазда од Заев за медиумските „непријатели“

Директен атак врз ТВ Нова нова и обид да се стави крај на слободната новинарска мисла, вака незавиосниот синдикат на новинарите и медиумските работници гледа на постапката која се води против сопственикот на Трансмет и ТВ Нова, Сеад Кочан. Претседателот на синдикатот повика да се тргнат рацете од новинарите и никој да не се обидува да ја оневозможи слбодата на говор.

СЈО ја реализиара финалната битка со медиумит кои Заев ги прогласи за свои непријатели порачуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Тие оценуваат дека Нова е првата телевизија затоа што крајната цел е да се замолчи медиумот кој спооред ВМРО – ДПМНЕ ги пренесува пораките со кои граѓаните се спротивставуваат на политиките на СДС.

- Прва на удар очигледно е Телевизија Нова. Телевизија Нова е на удар затоа што не ги премолчува и не ги релативизира протестите кои секојдневно се случуваат на улиците, секаде низ државата. Телевизија Нова без цензура го пренесува гневот и револтот на народот од прифаќањето на Тиранската Платформа и несогласувањето со пазарењето со државните и национални интереси, која што го прави СДС.

Затоа очигледно ТВ Нова им пречи на Социјалдемократскиот сојуз и на СЈО. Затоа без никаква правна и законска основа се покренуваат неосновани постапки и се бараат незаконски притвори. Затоа без никаква основа се бараат налози да се влегува по медиуми и да се заплашуваат сопствениците, уредниците и новинарите од тие медиуми, вели Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Денешниот протест пред скопска апелација го предводеа вработените во трансмет. Тие побараа целосна правда за Кочан, поздравувајки ја вчерашната за отфрлање на две од мерките поради кои се опредулува мерката притвор, одлука со која оценуваат дека судот утврдил оти кривичниот совет не ја донел вистинската одлука.

Вработените во компаниите на бизнисменот Сеат Кочан втор ден се на протест пред апелациониот суд. Целосна подршка добиваат од здруѓението на Бошњаците во Македонија кој на целиот процес против Кочан гледаат како на напад врз бошњачката заедница.