Македонија
5. March 2016 - 16:50

Нови споменици во Центар: На Жерновски не му се доволни изградените спомен-обележја

6 нови споменци ќе се поставуваат во општина Центар. Првиот човек на општината Андреј Жерновски кој до вчера беше жесток критичар на изградбата на спомен-обележја, тргнува по стапките на ВМРО-ДПМНЕ.

Според програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен-обележја во Центар ќе се изградат споменци  на Благоја Ангелковски – кројач, Киро Глигоров, Живко Поповски – архитект, Маџирмаалски играчи на „Фанта“ и Железничка колонија, стои во точката 2 од Програмата, во која исто така е наведено дека таа ќе се проширува и со спомен-обележја по иницијатива на правни и физички лица  во согласност со Законот за меморијалните споменици и спомен обележја. Покрај овие 5, Општина Центар планира поставување споменик и тукушто починатиот скулптор Томе Серафимовски. 

Ваквата одлука на Жерновски е донесена без да се информира јавноста и е целосно спротивна со неговата изјава дадена непосредно пред локалните избори, кога тој категорично тврдеше дека поставените споменци се последното нагрдување на Центар и дека дека ниту еден сантиметар од општината во иднина нема да се моделира без да се прашаат граѓаните. Но, на градоначалникот на централната скопска општина очигледно не му се доволни веќе поставените споменици, па сега мораше да го погази и сопствениот збор.