Нова инвестиција во Виница
Нова странска инвестиција на Истокот. Бугарската компанија БТБ, една од водечките за производство на женска облека, отвори текстелен капацитет во Виница, во кој се вработија 100 лица. Од раководството на компанијата велат дека ова е само првиот чекор и допрва ќе следуваат вработувања, пред се на високо квалификуван кадар.
-Во следната фаза планираме да вработиме уште 100 луѓе и веќе во понатамошниот развој, планираме да ги донесеме сите производствени процеси овде во Македонија, односно да ги копираме процесите од Бугарија во Македонија- изјави Ахим Бајерл, претседател на бордот директори на компанијата БТБ.
Овој индустриски капацитет е од големо значење за регионот, пред се за намалување на невработеноста, но и поттик за останатите инвеститори да го вложат својот капитал во општината.
- Како локална самоуправа ќе продолжиме да ги поддржуваме сите инвеститори кои ќе доаѓаат во нашата општина, и сите, и странски и домашни, да имаат ист третман пред институциите-изјави Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.
- Ние како Агенција за вработување, нормално и Владата на Р. Македонија сме овде да го поддржиме бизнисмените во секој нивни чекор-изјави Влатко Поповски, дир. на Агенција за вработување
За подобрување на вештините и квалификациите на вработените, компанијата ќе организира обуки и работилници.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
