Нова инвестиција на Џонсон контролс во Струмица – Најавени 1.500 вработувања
Џонсон контролс ќе отвори 1500 работни места во Струмица. Менаџментот на компанија одлучи да инвестира 20 милиони долари во нова фабрика во Македонија, иста како таа во Штип.
Oваа комапнија е меѓу најголемите добавувачи за автомобислкиот сектор. Постојаниот раст бара од менаџментот да бараат нови дестинации за ширење на производствто.
Ова е трета инвестиција на американската Џонсон контролс во земјава. Првата Џонсон контролс електроник беше отворена во 2006 во бунарџик. Втората во Штип во 2011, и третата сега во Струмица. До Нова година ќе бидат реализирани првите вработувања, а производтсвто во посточеки објект ќе почне напролет. До крајот на 2016 во Струмица ќе бидат отворнеи 300 работни места, а паралено ќе с егради новата фабрика во струмичката зона.
Оваа инвестиција, најголема во југоисточниот дел на земјата, е уште едно ветување дадено од страна на прмеиерот Груевски. Тој ја најави изградбата на фабриката во август за време на посетата на струмичкиот регион.
Инвестицискиот циклус во Македонија забрза во вторта половина од оваа година. До август СДИ бележат раст од 6%, а само во август инвестициите се зголемиле за 11,3% споредено со истиот месец лани.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
