Живот
20. January 2018 - 15:05

Нова епидемија на грип погоди 8,3 милиони луѓе

Епидемијата од таканаречените „австралијански грип“ и „јапонски грип“ во Велика Британија однесе 149 животи.

Епидемиите добиле име по местата во кои се појавиле и тоа не е невообичаено.

Наместо во септември минатата година во јужната хемисфера да дојде до намалување на сезоната на грип, таа во тој период доживеа експанзија. Со оглед на тоа дека кон крајот на годината доаѓа до мутација на вирусите, вакцината ја губи својата ефикасност.

Во овој случај се работи за мешавина на разни видови грип, вклучително и минатогодишниот А (H3N2).

Во групата најчувствителни лица спаѓаат оние над 65 години, додека само минатата недела хоспитализирани биле 4.500 лица.

Според проценките на експертите минатата недела симптомите на грип ги почувствувале 8,3 милиони луѓе.