Нова цена на горивата во Македонија
Бензините пред две недели со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика поевтинија за три денари, а цената на дизел горивата се намали за два денара по литар. Со одлуката се изврши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 6,71, односно 4,38 отсто.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ-V) се продава за 49, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,145 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 25,252 денари за килограм.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,45 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,2 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Денеска не чека нова цена на горивата. Останува да видиме каква одлука ќе донесе РКЕ, а истата ќе важи од полноќ.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов