Ракомет
14. December 2017 - 9:30

Норвешка последен полуфиналист на СП за ракометарки

Норвешка со убедливи 34:17 ја победи Русија во последниот четвртфинален дуел на женското Светско ракометно првенство и се пласира во полуфиналето.
 
Претходно место меѓу најдобрите четири селекции на планетарниот собир обезбедија Холандија, Франција и Шведска.
 
Полуфиналните мечеви ќе се играат утре во Хамбург,  a двојките се:
 
Холандија – Норвешка (почеток 17:30 часот) и
 
Шведска – Франција (20:45 часот).