Македонија
16. April 2017 - 16:20
Туристите во Охрид го прославија Велигден
Биењето на камбаните точно на полноќ во Балканскиот Ерусалим ја најави радосната вест за воскресението Христово.Илјадници верници ги исполнија древните храмови а централната празнична богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот дебарско –кичевски г.Тимотеј се одбележа во Свети Климентовиот храм на Плаошник .
Верниците со свеќи во едната и црвени јајца во другата рака си посакаа здравје среќа и благосостојба.
По традиција и оваа година на Плаошник присуствуваше претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски.
Велигден во Охрид го дочекаа голем број гости од државава, соседството но и од подалечните земји ширум светот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
