Скандал на гинекологија: Го потпишав документот, па ми соопштија дека ќерка ми е мртва

Завчера поминаа пет месеци откако се породив во Белград, каде ми рекоа дека моето бебе умрело на породувањето. Сепак, знам и сигурна сум дека мојата ќерка е жива, раскажува Ратка Рачиќ од Рашка.
Ратка (36) на 17 март се породила во Вишеград и тоа бидејќи во Рашка нема гинеколошка клиника која би можела да и ја води бременоста. Таа мислела дека во престолнината ќе има најдобар третман.
-Бременоста течеше сосема нормално. Редовно одев на контрола, и тоа бидејќи јас сум родена со споени прсти па стравував да не се повтори истото и кај моето бебе. За среќа, бебето беше живо и здраво, а бременоста без проблеми. Но, на 17 март докторите од болницата во Белград решија дека треба да се породам со царски рез, раскажува таа.
Иако до 11 часот ја држеле на стол и чекале да се породи природно без никакви провокации, дури во 18 часот лекарите одлучиле да ја стават под целосна анестезија и да извршат породување со царски рез
-Се беше во ред со бебето. Ми ставија целосна анестезија, а кога се разбудив дојде докторката и ми кажа дека мојата ќерка умрела, раскажува Ратка.
Не сакала да го види своето мртво дете, но се сеќава дека и кажале дека е девојче. И рекле да потпише документ со кој потврдува дека не сака да го види детето.
-Бев издрогирана од анестезијата. Потпишав се што ми дадоа. Верувам дека детото ми е живо и продадено некаде во странство, додала таа.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
