Македонија
6. May 2016 - 16:53

Трагедија во Струмичко - Пет годишно дете загина во сообраќајна несреќа

Петгодишно дете од Босилово  загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи   денеска на излезот од селото Дабиле кон Петралинци.  Несреќата во полиција била пријавена претпладнето во 10 часот и 30 минути, а во истата учествувало патничко моторно возило Опел Астра со кое се превезувале петгодишното дете и неговиот татко. Според првичните информации до несреќата дошло откако автомобилот со кој управувал таткото на детето излетал од патот и се превртел во околните ниви. Која била причината поради која возачот изгубил контрола над возилото засега не е познато.

Веднаш по несреќата и двајаца биле пренесени во струмичката болница. Таму лекарите  само ја констатирале смртта на детето, додека неговиот татко поминал со телесни повреди.

На местото на настанот увид извршија полициска екипа и јавен обвинител. По комплетирањето на истрагата ќе бидат познати и конкретните причини поради кои дошло до несреќата.