Честитка од Суомалаинен по повод Меѓународниот ден на Ромите

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 април, упати честитка до ромската заедница и изрази желби за соживот и хармонија меѓу сите заедници.
- Меѓународниот ден на Ромите не значи само одбележување на ромската култура, тоа е и ден кога општествата треба да погледнат со какви предизвици Ромите се соочуваат секојдневно, во сите сфери на живеење, истакнува Суомалаинен.
Таа во честитката ги поздравува напорите на институциите, како и сите други иницијативи кои имаат цел да инвестираат во Ромската заедница.
- Дозволете ми да истакнам дека кохезијата меѓу заедниците и особено инклузијата на Ромите, не е задача само на владата, туку е и задача на сите граѓани. Ги охрабрувам државните власти да работат заедно, со цел да се постигнат целите поставени во усвоената Национална стратегија за Ромите, заклучи Суомалаинен.
Ново на Сител
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
-

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи
-

Сончево и топло до 37 степени
