Македонија
25. January 2019 - 10:35

Струмички „Комуналец“ превентивно ги чисти сливниците и одводните шахти

 Одделението „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ почна со чистење на сливниците и одводните шахти.

Акцијата се спроведува во повеќе реони во централното градско подрачје, но и во населените места на територијата на Општина Струмица.

– По снежните наноси и дождови што периодов го зафатија градот, надојдените води се слеваа по улиците од повисоките кон пониските зони. Интензивната акција за расчистување се спроведува како превенција од затнување на шахтите и неможноста за прибирање поголема количина на вода, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Апелираат до граѓаните да внимаваат и да не фрлаат смет со кој се затнуваат одводните шахти.