Свет
25. October 2015 - 20:28

Израел ја вклучи Исламска држава во списокот на терористички организации

Израелската влада ја вклучи групата „Исламска држава“, „Џебхат ал нусра“ и „Бригадите Абдула Азам“, во списокот на терористички организации, јави ТАСС.

Одлуката беше донесена по препорака на Израелската служба за безбедност, во врска со зголемените напади против Израел од џихадистички групи кои дејствуваат како во странство, така и во земјата.

Досега овие организации не се сметаа за терористички во Израел, но нивната дејност им беше забранета со указ на министерот за одбрана на 4 септември 2014.