Македонија
24. October 2015 - 19:50
Се освети новоизградената црква “Св. Петка” во Прилеп
Во присуство на петмина великодостојници од црковниот клир на МПЦ ОА, со положување на светите мошти од повеќе маченици кои пострадале за христијанската вера, како и со прва света утрена божествена литургија, утринава, се освети новоизградениот Божј ихрам во Прилеп, посветен на Преподобната маченичка “Св. Петка”.
Да се биде еден од ктиторите, но и сведок на еден ваков чин, кој се случува по стагнација од повеќе оде ден век, е највозвишеното духовно чувство што може да постои, сметаат прилепските верници, бизнисмени, власти.
Црквата “Св. Петка” во Прилеп се градеше седум години. Во монетов се работи на изградбата на камбанаријата. За нејзината изградба, освен од донациите на верниците, најголемиот дел средства во висина од 400 илјади евра беа обезбедени преку неколкуте Донаторски конференции.
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
