Јуни идната година последен рок за приватизација на неизградено градежно земјиште

Поранешните сопственици на земјиште кои во Катастарот се впишани како корисници на неизградено градежно земјиште ќе можат да го приватизираат најдоцна до 15 јуни идната година.
Директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстановски денеска во Охрид појасни дека со измените во Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште тоа е последна можност што има се дава на таа категорија граѓани да стекнат право на сопственост на тие парцели што тие ги користат, а фигурираат како неизградено градежно земјиште.
- Станува збор за скратена постапка со која до 15 јуни идната година граѓаните ќе можат до Одделенијата во Катастар да поднесат пријава со фотокопија од лична карта, правниот основ со кои се запишани како корисници на градежното земјиште и доказ од соодветната општина дека за предметната катастарска парцела не е поднесено барање за легализација, појасни Крстановски, додавајќи дека по комплетирањето на документацијата Агенцијата за катастар на недвижности ќе го трансформира правото на управување во право на сопственост по сила на закон.
Крстановски апелира го граѓаните да го искористат дадениот продолжен рок и на тој начин да го уредат правото на сопственост.
Стручни тимови на Управата за имотно-правни пработи денеска престојуваат во Одделението во Охрид каде во рамки на „Отворениот ден со граѓаните“ одговарат на сите прашања од односната сфера на имотно-правните работи и измените во легислативата.
Ново на Сител
-

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
-

Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег
-

Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
