Македонија
13. October 2015 - 16:57

Во последен момент спречен судар на два воза кај Велес

Избегната е голема трагедија на железничката станица Рајко Жинзифов.. Ќе се судреле два воза кои сообраќале во спротивен правец.. Инцидентот се случил утринава околу 9 часот и 30 минути.. Возот кој се движел кон скопје бил полн со мигранти додека од спротивниот правец доаѓала празна композиција.. Двата воза влегле на ист колосек па откако надлежните увиделе оти се заканува директен судар го исклучиле напојувањето на дел од пругата.. Поради прекин на струјата, двете електромоторни компзиции веднаш престанале да се движат.. Инцидентот го потврдија надлежните од мж инфраструктура.. Портпаролот Невзат Мамути изјави дека случајот не предизвикал никакви последици.. И покрај ова повеќе од четири часа во прекин беше железничкиот сообраќај на пругата Скопје-Велес.. Од мж транспорт велат дека причина за влегувањето на двата воза на ист колосек е невнимание на еден од машиновозачите.. Тој не го забележал црвеното светло кое сигнализира дека треба да го сопре движењето на возот..

Инаку токму на железничката станица Рајко Жинзифов пред две години се судрија товарен и патнички воз.. Двата воза излегувале истовремено па од ударот неколку товарни вагони и електрична локомотива излетаа од пругата..