Нимиц: Време е за решение
Медијаторот во спорот со името меѓу Макеоднија и Грција Метју Нимиц е оптимист дека двете држави се наоѓаат во период во кој е можно да се изнајде заедничко прифатливо решение.. Тој денеска по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека постојат неколку тешки прашања но се надева дека во Атина и Скопје има добра воља тие да се затворат..
„Никогаш не давам финални идеи, процесот е одмрзнат. Јас сум медијатор, Не сум судија и Јас не давам финални идеи, ги давам моите најдобри идеи кои ги имам во моментот. Внимателно го слушав Коѕијас и тој исто така имаше некои идеи кои ќе бидат пренесени во Скопје. Единствено од двете страни зависи постигнување на договор базиран на нивните идеи“, изјави Метју Нимиц, Посредник на ОН.
Според Нимиц, предлозите кои тој ги дал за решавање на долгогодишниот проблем треба да се поттик за двете влади и тие со свои предлози да придонесат во изнаоѓање на решението..
Инаку во дводневната посета на официјална Атина, Нимиц денеска се сретна и со пратеникот на грчката опозициска партија Јоргос Кумуцакос кој по средбата повтори дека решението мора да го елиминира иредентизмот а името да биде за севкупна употреба..
Тонско Јоргос Кумуцакос
„Решението прво треба да обезбеди елиминација на сите форми на иредентизмот од соседната земја, второ тоа да е прифатливо за Грците и трето, неговото усвојување да го применуваат сите“, вели Јоргос Кумуцакос, Нова Демократија.
Pо средбите во Атина, медијаторот Нимиц утре доаѓа во дводневна посета на Македонија каде се предвидени средби со државно-политичкиот врв.. Посетата на посредникот на Обединетите нации доаѓа само неколку денови по консултативните средбите кои Заев и Ципрас ги одржаа во Скопје и Атина на кои ги презентираа предлозите на Нимиц..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
