Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје
„Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите со Владата и другите лидери“, изјави посредникот на ОН метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје.
Нимиц, претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.
Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде утре по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Нимиц, како што е најавено, во текот на дводневниот престој ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки