Македонија
13. March 2017 - 19:09

Никола Додевски: Сеад Кочан е слободен човек, бидејќи се бара негово апсење врз основа на неправосилно решение

Жалбата за одредениот притвор за бизнисменот Сеат Кочан од попладнево е во Апелациониот суд. Од кривичен за Сител потврдија дека го добиле одговорот по жалбата од СЈО и предметот веднаш го препратиле во апелација каде треба да биде донесена последнете одлука за тоа дали ќе продолжи потрагата по Сеат Кочан или ќе биде поништено решението на кривичниот совет и повлечени распишаните потерници.

Одбраната на бизнисменот тврди дека решението за одредување мерка притвор е правно невалидно и кривичниот совет е должен да го стави вон сила и да ги повлече сите распишани потерници. Адвокатот Никола Додевски оценува дека грубо е прекршен законот затоа што по поднесената жалба апелациониот суд бил оневозможен да донесе одлука по поднесената жалба.

- Предметот воопшто не беше доставен до Апелоациониот суд во законскиот рок кој не се менува. Кривичниот совет не постапува соодветно. Се работи за грубо кршење на закон со оневозможување на апелациониот суд да донесе одлука, вели Никола Додевски.

Одбраната на Кочан тврди дека решението кое беше донесено минатата недела е правно невалидно. Неговиот клиент вели Додевски е слободен бидејки се бара апсење врз основа на неправосилно решение.

Апелациониот суд има рок од 48 часа да ја донесене својата одлука. По изјаснувањето на овој суд ќе биде позната и постапката која ќе треба да се спроведува.