-->
-->
Незаконскиот избор на Џафери – СДСМ нема ни 50 пратеници кои гласаа за него
-->
СДСM во четвртокот, откако заврши седницата во Собранието, на нелегитимен и незаконски начин го избра Талат Џафери за претседател на законодавниот дом. На таканаречената седница на СДСМ, спроведена вон сите законски процедури, немаше ни записник, ни стенограм ниту пак некој водеше постапка, броеше или утврдуваше кој и како гласал…
СДСМ тврдеше прво дека Талат Џафери бил избран со потребниот минимум 61 гласови, за после само еден час да ја качи бројката на 62… Но, после многу измами и после измамнички избори на овој начин СДСМ се обидува да ја измами јавноста, странските дипломати и преку државен удар да земе власт со Собранието.
-Во кадарот групата на СДСМ, ДУИ и нивните пучисти има помалку од 30 пратеници. Под галеријата, во остатокот редови има уште околу 20… и, тоа е се! Освен останатите законски услови, нема ни потребен број пратеници за да се гласа воопшто за претседател на собрание, а камоли да се изгласа, пишува порталот Старт.мк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија