Невреме во Хрватска и Словенија, се излеаја реки, силен ветер предизвикува проблеми на Јадранот
Во Хрватска поради силен ветер и можно невреме на крајбрежјето е објавено портокалово метео предупредување, а Купа се излеа во Горски Котар. Поради ветерот и силните бранови кои донесоа камења на шеталиштето и кафеаните во Пиран, се огласија сирени за тревога. Во континенталниот дел на Словенија има поплави.
Силен ветер од јужен правец создава големи бранови низ целиот хрватски брег. Поради ветерот и можното невреме, во сила е портокаловото временско предупредување.
Морето изутрината го поплави брегот и градските плажи во Сплит, но по неколку часа се повлече без да предизвика штета. Поплави се забележани и во околните градови и острови, јавува ХРТ. Поплавени се и делови од Шибеник, но морето не стигна до куќите.
Фериботите не сообраќале, а еден траект два часа чекал да се смири морето за да влезе во пристаништето.
Се урна дел од пат во Опатија, кој привремено ќе биде затворен, а паднаа и неколку дрвја.
Во текот на ноќта нагло порасна водостојот на реката Купа, поради што е прогласена вонредна заштита од поплави. Реката се излеа на патот во Брод на Купа, а со престанок на врнежите се очекува рапидно опаѓање на нивото на водата.
Проблеми има и на словенечкото крајбрежје. Во текот на ноќта невремето предизвика бранови и урна камен ѕид на шеталиштето во Пиран. На коловозот повторно има камења кои беа отстранети по невремето во петокот, јавува РТВ Словенија.
Според противпожарната служба, морето ги поплавило рестораните, како и во петокот, а осум пумпи ја црпеле водата од главниот градски плоштад кон Пиран.
Ново на Сител
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот