Нема опуштање, одиме на победа
Македонските фудбалски репрезентативци потврдија дека можат да одиграат на резултат на гостувањето во Лихтенштајн. Бодовите се освоени но за целосен впечаток потребен е добар резултат и против селекцијата на Белорусија која сигурно е далеку поквалитетна селекција иако играат слабо во квалификациите за СП. Голгетерот Несторовски беше присутен на денешната прес конференција и посака нова победа на „рисовите“:
„Сакаме да ја потврдиме победата против Лихтенштајн и конечно да врземе два успеха. Се радувам на головите во дресот со национални обележја, но поважно е да победуваме“, вели Илија.
Селекторот Игор Ангеловски потврди дека мобилизацијата на фудбалерите е на максимално ниво и нема да има ниту најмало опуштање:
„Играме пријателски меч со Белорусија, но ќе го сметаме како квалификациски. Мора да одиграме еднакво мотивирано, иако противникот има подобар рејтинг од нас, за 100 места на ФИФА ранг-листата. Имаме и доволен број на квалитетни играчи, иако 7 младински репрезентативци се префрлија во таборот на мојот колега Боби Милевски за пријателскиот меч со Бугарија. Го повикавме и Чурлинов, кој е екстра-талент. Верувам дека ова за него ќе биде поттик да игра уште подобро“, изјави Ангеловски.
Средбата се игра на Арената Филип Втори со почеток во 18ч. Директен пренос од контролниот дуел на ТВ Сител 3.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест