Не ги игнорирајте: Симптоми кои можат да бидат рани показатели на рак
Сè во што се сомневате – проверете! Веројатно не е ништо, но може и вам да ви го спаси животот.
Една студија во Англија покажала дека повеќе од половина Британци ги игнорираат првите симптоми на ракот. Тоа е многу значајна бројка, имајќи предвид дека станува збор за болест кај која времето игра голема улога, затоа што повеќето тумори коишто се откриени навреме, можат адекватно да се лекуваат, а неретко и целосно да се излекуваат. Затоа, памет во глава. Редовно одете кај лекар, и сè што ви се чини сомнително, веднаш проверете.
Истражувањата покажале дека луѓето може да бидат во опасност доколку ги игнорираат симптомите кои им се сомнителни, мислејќи дека го трошат времето на својот лекар на небитни работи.
– Кашлица, засипнатост, израстоци, пролив (дијареа) или запек;
– Неочекуван губиток на тежина или рана која никако не зараснува;
– Повраќање кое вклучува крв, уринарно крвавење или крвавење помеѓу менстрауциии;
– Чувство дека не сте ги испразниле цревата по одење во тоалет;
– Бенки со неправилен облик или остри рабови, кои би требало да ги проверите кај лекар.
Совет од лекарите: Доколку се сомневате, проверете!
– Тоа нема да биде губење на времето на вашиот матичен лекар. Често вашите симптоми не се поврзаани со ракот, но доколку се, колку што е побрза дијагнозата, побрзо е излекувањето – рекол д-р Ричард Роп, од центарот за истражување на ракот во Англија.
Најраспространет карцином е ракот на панкреас, дојка, црева и на белите дробови, но во Англија преживувањето на рак заостанува од европскиот просек, а се верува дека доцнењето на дијагностиката е главна причина за тоа.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска